Со џип удрил во две паркирани возила, па прегазил пешак – тешка несреќа во Штип

Од
Објавено на

Денеска (17.03.2024) во 00.05 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Борис Кидрич“ патничко возило „доџ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.О.(23) од с.Селце-штипско, удрило во паркирани возила: товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки и патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки, како и во пешакот Т.К. (45) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Т.К.(45) од Штип, а со телесни повреди се здобил возачот Е.О., констатирани во Клиничката болница Штип. И
звршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
