Многу шефови, нема поштари – синдикалците „Македонска пошта“ укажува дека таму е хаос
Синдикалните организации на „Македонска Пошта“ кажаа дека протестот на вработените е поради револт и загриженост за опстојувањето на оваа државна фирма. Тие посочија дека 80 отсто од вработените се со просек на минимална плата, а работодавачот иако имал обврска да исплати плата во законски рок – тоа не се реализира.
„Раководството го прекрши елементарното работничко право за исплата на плата. Имајќи ја во предвид лошата финансиска состојба во друштвото, револтот е поголем поради сомневањето дека воопшто ќе има редовна исплата на плата. Ова е резултат на лошото менаџирање“, велат од синдикалните организации на „Македонска Пошта“.
Нема шалтерски работници, нема поштари, а има препоплни работни места во администрација и шефовски позиции, посочуваат тие.
„Укажувавме за хаосот кој ќе настане, но нема слух од нив“, додаваат тие.
Протестите ќе продолжат ако нема остварување на нивните барања за редовни плати.