Македонија

Економската директорка на Токсикологија не знае македонски и доаѓа на работа со татко ѝ?

Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Илјази не знае македонски јазик, пишува медиумот „Мкд.мк“. Додаваат дека кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника. Во текстот се додава дека таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

„Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување“, велат извори за „Мкд.мк“.

Од Министерството за здравство добиле кус одговор дека Иљази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 февруари годинава.

„Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката“, пишува во одговорот од Минстерството за здравство.

На почеток