Свет

Дали Трамп му заби нож во грб на Путин?

Трамп: Нема да бидам диктатор ако се вратам на власт

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека верува оти е можно рускиот претседател Владимир Путин да е вмешан во смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

„Не знам, но можеби, мислам можно, би можел да кажам веројатно, не знам. Тој беше млад човек, па статистички ќе беше жив долго време, веројатно е дека се случило нешто што беше необично“, рече Трамп во интервјуто за Фокс њуз.

Трамп, исто така, постојано вети дека ќе ја прекине помошта за Украина и ќе го принуди Киев да седне на преговарачка маса со Русија, а како што пренесува Политико, тој став ја подгрева вознемиреноста кај западните сојузници дека републиканскиот кандидат би можел да добие втор мандат во ноември.

Трамп додаде дека се надева дека нема да мора да избира помеѓу победа на Русија во Украина и испраќање помош за Киев и посочи дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку тој беше претседател кога избувна конфликтот во февруари 2022 година.

Руските власти соопштија дека Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин, починал од природна смрт во затвор на 16 февруари.

Тој одлежа 30-годишна затворска казна, меѓу другото, за, како што се наведува во една од пресудите на рускиот суд, „основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности“.

Неговите поддржувачи, вклучително и неговата вдовица Јулија, тврдат дека Навални е убиен, но Кремљ негираше каква било вмешаност во смртта на опозицискиот лидер.

На почеток