Скопје

Поставени две платоа за смирување на сообраќајот

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве на улица „Тодор Александров“ пред основното училиште „Кочо Рацин“ поставија две платоа за смирување на сообраќајот.

о

 

Овие платоа најчесто се поставуваат пред пешачки премини во близина на училишта со цел намалување на брзината на возилата и зголемување на безбедноста на учениците.

Градот Скопје изминатиот период постави платоа за смирување на сообраќај на улицата „Козле“ и на улицата „Борис Сарафов“, а во иднина ќе продолжи поставувањето и на други локации.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток