(Видео) Полицајци ќе одговараат: добиле пријава дека лица мафтале со оружје седат во кафуле, но не ги легитимирале ниту им го одзеле
Дисиплинска одговорност за четворица полициски службеници од ПО Кривогаштани кои постапиле спротивно на Законот и подзаконските акти.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за утврдување дисциплинска одговорност, против лицата Б.Б., Г.А., С.С. и Д.Т. – вработени во Министерството за внатрешни работи на работно место полицаец во ПО Кривогоштани.
Имено, постапувајќи по претходна пријава на сопственик на угостителски објект на територијата на општина Кривогаштани, во која се вели дека во неговиот објект седат лица кои поседуваат огнено оружје – за што биле објавени снимки и на социјалните мрежи, претходно споменатите полициските службеници не извршиле одземање на оружје, претрес и легитимирање на лицата, напиша техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој додава:
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, беа извршени сите неопходни проверки и притоа беше утврдено дека со непреземањето на потребните мерки полициските службеници постапиле спротивно на Законот за полиција и со тоа извршиле потешко кршење на работниот ред и дисциплина.