Протест на семејствата на израелските заложници пред канцеларијата на Нетанјаху
Семејствата на Израелците киднапирани од членовите на Хамас и држени како заложници во Појасот Газа и активисти протестираа пред канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим барајќи нивно ослободување.
Неименуван израелски функционер изјави за весникот „Тајмс оф Израел“ дека „нема воопшто оптимизам“ пред продолжувањето на преговорите во Доха, што укажува дека поради зголемениот меѓународен и домашен притисок, Израел „не може да си дозволи да не ја искористи оваа можност”.
„Се чини дека САД би можеле да го забават снабдувањето со муниција за Израел“, рече овој функционер и прецизираше дека САД експлицитно не се заканувале со оваа мерка, туку дека се наѕира.
Според неговите зборови, „тоа се пласира преку секундарни канали, односно попрво би рекол дека се навестува“.