Свет

Пронајдено тело на уште едно лице затрупано од лавина на Камчатка

Спасувачките екипи пронајдоа тело на уште еден турист затрупан под лавина на полуостровот Камчатка, соопшти денеска главниот оддел на руското Министерство за вонредни ситуации за овој регион.

„Откриено е тело на млад човек. Телото на туристот беше откопано ден претходно од момци од туристичката група“, се вели во соопштението на Министерството.

Останатите преживеани туристи се евакуирани во градот Јелизово со хеликоптер на Министерството за вонредни состојби.

Регионалните власти во понеделникот потврдија дека е пронајдено телото на едно лице, за кое сега се знае дека е 44-годишна жена.

Тогаш главната управа на руското Министерство за вонредни ситуации објави дека лавина затрупала група од 11 туристи на Камчатка.

На местото на настанот излегле спасувачки екипи и од завеаниот превој биле спасени девет лица, а инцидентот се случил додека туристичката група се движела по сртот и силен налет на ветер ги фрлил во превојот каде што биле затрупани.

На почеток