Свет

Путин: 9.000 деца ќе бидат преместени од Белгород поради украинските напади

Путин: Америка е сопственик на НАТО, вештачки создава проблеми

Поради гранатирањето што го изврши украинската армија, околу 9.000 деца ќе бидат преместени од регионот Белгород во други региони на Русија, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков.

Денеска преселуваме голем број села, сега планираме да засолниме околу девет илјади деца од Белгород, округот Белгород, округот Шебек, округот Граиворон“, рече Гладков, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека во петок 1.200 деца ќе одат во Пенза, Тамбов, Калуга и Ставрополската територија. Украинската армија од минатата недела секојдневно извршува масовни напади врз регионот на Белгород.

Според руските власти, во овие напади загинале 16 цивили, а 98 се ранети. Должината на границата што овој руски регион ја дели со Украина е 350 километри.

На почеток