Свет

(Видео) Рама турна новинарка, му поставила прашање незгодно прашање

Албанскиот премиер Еди Рама денеска за време на прес-конференцијата турна новинарка, откако, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето кое што таа му го поставила.

Наводно, новинарката го прашала „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, додека во сегашното пристаниште Драч се продаваат становите на приватните инвеститори“.

После тоа дошло до физички контакт, а се се случило додека бил опкружен со новинарски екипи. Целиот инцидент е снимен на камера.

– Те молам, не ме допирај повеќе – рече новинарката, а Рама си замина по инцидентот.

На почеток