Македонија

Силјановска да им се извини на пензионерите за навредите со Мапет шоу, вели СДСМ

„Гордана Силјановска да им се извини на пензионерите за навредите, споредувајќи ги со Мапет шоу“, бара СДСМ и додава:

Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани ниту навредувани.

Овој крајно несоодветен, непримерен и неодговорен однос на Силјановска кон пензионерите е потврда дека нема никаква промена во ДПМНЕ.

Додека кандидатката на ДПМНЕ за претседателка Силјановска ги навредува пензионерите, СДСМ се грижи за стандардот на нашите повозрасни граѓани.

СДСМ неколкупати ги покачи пензиите и во споредба со времето на ДПМНЕ просечната пензија е покачена за 6.400 денари.

Овој месец следува и ново зголемuвање на пензиите од 5,3% согласно новата методологија донесена заедно со пензионерите.

Дополнително, во новиот пакет антикризни мерки е обезбедена месечна поддршка и до 15.000 денари во период од 5 месеци за пензионерите со пониски пензии.

СДСМ ги почитува пензионерите и се грижи за нивниот стандард.

На почеток