Македонија

Возило излетало од патот Штип – Кочани: возачот со тешки телесни повреди

На 19.03.2024 во 16.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, помеѓу с.Чардаклија и с.Долни Балван, на излез на с.Чардаклија, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С.(26) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На почеток