Скопје

Хаос од тепачки во Скопје и пукање во Сарај: меѓу насилниците и малолетници

На 19.03.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, Ј.К. пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, двајца малолетници физички го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.03.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.В.(43) од Скопје пријавил дека околу 03.40 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.03.2024 во 17.32 часот во СВР Скопје, З.П.(41) од Скопје пријавил дека пред спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од С.Ј.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.03.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Ј.М.(60) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 18.25 часот во селото, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од И.Љ.(36) од с.Сарај, кој потоа од огнено оружје испукал два куршуми кон него, но не го погодил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.03.2024 во 21.07 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(38) од Скопје пријавил дека околу 20.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Р.Е.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.03.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(24) од с.Трубарево, скопско, пријавила дека околу 16.00 часот во селото, по претходни недоразбирања, била физички нападната од К.Л.Д.(53) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток