Свет

Голем руски напад на Киев во зори: Лансирани проектили од стратешки бомбардери

Израел изврши еден од најсмртоносните напади од почетокот на војната

Десет лица се повредени во синоќешниот руски ракетен напад врз Киев, соопшти градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.

Тој на Телеграм изјави дека е причинета штета на згради, дека во областа Подолск остатоци од ракета паднале врз неколку бизниси, а во населбата Шевченко гори стан во станбена зграда.

Воената управа на Киев соопшти дека во областа Свјатошински биле искршени стакла на зграда, а како последица на нападот избувнал пожар во градинка во областа Шевченко, пренесува Униан.

Според првичните информации, се запалиле и автомобили.

На почеток