Едно лице почина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![Малолетник возел автомобил и учествувал во сообраќајна несреќа](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/12/Малолетник-возел-автомобил-и-учествувал-во-сообраќајна-несреќа.jpg)
На 20.03.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско. Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)