Македонија

Претреси на територијата на Македонија, пронајдена и одземена дрога

Пронајдени различни видови дрога при претрес во Штип, приведени две лица

На 20.03.2024 во 23.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(29) од Република Грција затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.03.2024 во 15.00 часот на ул.„Марко Цепенков“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.С.(18) и еден малолетник, двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 20.03.2024 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Битола привеле пет малолетници и С.М.(19), сите од Битола. Тие биле затекнати во двор на црква во Битола и при преглед кај нив, кај двајца од малолетниците биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 20.03.2024 во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Ч.Т.М.(32) од Република Турција  затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.03.2024 во 01.30 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода А.А.(22), 20 – годишната Б.И. и Д.В.(20), тројцата од Пробиштип, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По комплетирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На почеток