Македонија

Загина 29-годишно момче: за три дена нова тешка несреќа на патот Градско-Прилеп

Фото: Илустрација

Автомобил со прилепски регистарски ознаки и цистерна учествувале во сообраќајката на патот Градско-Прилеп. Според првичните информации, животот го загубило 29-годишно момче кое се превезувало со автомобилот. Истото било од Прилеп.

Несреќата се случи околу 18 часот, а патот беше во целосен прекин.

На истата делница, се случи уште една сообраќајка пред три дена. Во претходната, настрада 20-годишно момче кое се бори за живот.

На почеток