Скопје

На уредување на паркчето и патеките од „Зебра“ до „Беверли“ во Центар ќе се платат 390 илјади евра

Над 390 илјади евра, пари добиени од Владата, Општина Центар ќе вложи во уредување на паркчето и патеките на потегот од Зебра до ТЦ Беверли Хилс, посочуваат од Шанса за Центар.

„За споредба, за сите други паркови и зеленило во општината, севкупно, и за изградба и за одржување се предвидени околу 100 илјади евра“, велат тие.

Додаваат и: „На прашањата зошто е одбрана само таа површина наместо со тие пари да се уредува зеленилото во целата општина и како е дојдено до толкава сума за овој зафат, колегите ни одговорија дека така побарале граѓаните и „ако не па тогаш да ги вратиме парите“. Носењето на одлуки за трошење на големи суми на пари во општината останува во стилот „Миле ми текна“, наместо да се заснова на балансиран рамномерен развој на сите делови од општината, кој ќе се темели на проценки, аргументи и факти. Анализи на потребите и придобивките од трошењата се научна фантастика“.

На почеток