Свет

Во масовниот напад на Украина загинаа три лица, 13 беа повредени, а најмалку тројца исчезнати

(Видео) Хаос на новогодишната ноќ во Германија, полицајци нападнати со петарди и огномети, стотици се уапсени

Во масовниот руски ракетен напад утринава врз Украина, загинаа три лица, најмалку три се водат како исчезнати, а 13 се повредени, соопшти денеска заменик-началникот на кабинетот на украинскиот претседател Алексеј Кулеба.

„За жал, има жртви. Три лица загинаа – две во регионот Хмелницки и едно во Запорожје. Најмалку три лица се водат како исчезнати. Засега е утврдено дека се повредени 13 лица. Оштетувања има и на цивилни куќи“, напиша Кулеба на Телеграм, пренесува Укринформ.

Тој истакна дека за време на нападот, Русија истрела повеќе од 150 ракети и проектили врз регионите на Украина – Одеса, Ивано-Франковск, Лавов, Днепропетровск, Харков, Запорожје, Кировохрад, Хмелницки, Виница и Суми. Според него, ситуацијата на левиот брег на реките Днепар е особено тешка.

Вечерашниот напад на руските сили врз енергетскиот систем на Украина беше најголемиот досега, а се карактеризира со тоа што беа употребени комбинирани средства – крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала од типот Шахед, изјави шефот на операторот Укренерго Володимир Кудрицки.

Тој изјави дека нападот бил извршен во различни региони на Украина, на термоцентрали и хидроцентрали, како и на главните трафостаници со кои управува Укренерго. Украинската државна хидроенергетска компанија денеска соопшти дека во рускиот удар била погодена најголемата брана во земјата, ХЕЦ Днепар во Запорожје, но дека нема ризик од пробивање, пренесе Униан.

Херман Халушченко, министерот за енергетика на Украина, рече дека тоа е најголемиот напад врз енергетската инфраструктура на Украина во блиското минато.

„Целта не е само да се оштети, туку повторно да се обидеме, како и минатата година, да предизвикаме голем неуспех на енергетскиот систем на земјата“, напиша тој на Фејсбук, според Ројтерс.

Како што пренесува Укринформ, во текот на ноќта руските сили ја нападнале Украина со повеќе од 60 дронови „Шахед“ и речиси 90 проектили од различен тип. Според командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук, украинските воздухопловни сили уништиле 55 руски дронови Шахед и 37 проектили.

На почеток