Свет

(Видео) Блинкен пристигна во Израел

Блинкен: Премногу Палестинци загинаа во Газа, цивилните жртви мора да се намалат

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Израел за да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за војната во Газа во време кога се зголемија разликите меѓу двете сојузнички земји.

Блинкен пристигна од Каиро како дел од неговата шеста посета на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, пишува Франс прес.

Блинкен се очекува да ја нагласи итната потреба од зголемување на хуманитарната помош за опустошената палестинска територија и да апелира до Израел да не започнува голема копнена офанзива во Рафах, бидејќи многу луѓе стравуваат дека тоа дополнително ќе ја влоши и онака катастрофалната хуманитарна криза во Газа.

Блинкен ќе ги претстави алтернативите на Нетанјаху во дискусиите што ќе продолжат следната недела кога израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и делегација на високи израелски претставници ќе го посетат Вашингтон одделно.

Кратката посета на Блинкен на Израел, која беше најавена дури во средата, не беше дел од првичниот план за блискоисточна турнеја која вклучуваше и посети на Саудиска Арабија.

На почеток