Македонија

ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?, прашува СДСМ

„Откако не собраа валидни и законски потписи за нивната кандидатка, Гордана Силјановска, прашањето е дали ДПМНЕ ги фалсификуваа потписите за кој наголемо и помпезно се фалеа дека биле во огромен број и собрани за неколку часа?“, вели СДСМ и додава:

Како што ДПМНЕ ги лажира анкетите, така се обиде да ги лажира и потписите за Силјановска, ама не успеа.

Бидејќи не собраа валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.

Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани, а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.

Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска немаат поддршка од граѓаните, а најстрашното од се,е што повторно ги излажаа граѓаните.

Во ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење лаги.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата и партиски послушник, или реприза на Иванов.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.

На почеток