Свет

По бркотница: Уапсени се две лица осомничени за нападот во Москва

Две лица осомничени за синоќешниот напад кај Москва, во кој загинаа повеќе од 60 лица, се уапсени во руската област Брјанск, по бркотница со автомобил, напиша пратеникот Александар Хинштајн на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека другите осомничени побегнале во блиската шума пеш.

Вооружени мажи облечени во камуфлажа синоќа отворија оган од автоматско оружје врз присутните на концертот во близина на Москва, при што загинаа најмалку 60, а беа повредени повеќе од 100 луѓе.

На почеток