Свет

Шефот на Шефот на руската тајна служба: Уапсени четворица терористи осомничени за масакрот во Москва

Шефот на руската тајна служба го информирал Путин дека се уапсени четворица терористи вклучени во нападот, а вкупно 11 осомничени се приведени, пренесе РИА Новости.

Ова доаѓа откако претходно, рускиот претставник напиша дека само двајца се уапсени, за кои се верува дека се вмешани во синоќешното пукање по бркотница со автомобил.

„Реното во кое се возеле осомничените е откриено во текот на ноќта во областа Брјанск“, изјави Александар Хинштајн.

„Автомобилот не застанал на барање на органите на редот и се обидел да побегне, а при потерата било пукано и автомобилот се превртел“, додаде тој.

Едниот осомничен е приведен на местото на настанот, додека другиот побегнал и бил уапсен околу 3:50 часот по локално време.

„Потрагата по другите продолжува“, рече тој.

Тој исто така рече дека во автомобилот бил пронајден пиштол, многу муниција и пасоши на државјани на Таџикистан.

Скај њуз пишува дека оваа информација не е потврдена.

To Top