Свет

Се огласија членовите на бендот Пикник, кои во моментот на нападот имаа концерт во Москва

За време на терористичкиот напад што се случи синоќа во Москва, во концертната сала „Крокус“, концерт имаше рускиот рок бенд „Пикник“.

Преку Инстаграм профилот „Пикник.инфо“, како и Телеграм, музичарите го објавија овој трагичен настан и објавија дека сите се добро.

„Во Крокус се случи трагедија чии размери се уште не можеме да ги процениме. Ги следиме вестите додека чекаме официјални информации – напишаа и додадоа: Музичарите и раководството на бендот се живи и надвор од животна опасност – пишува во соопштението, пренесува Телеграф.

https://www.instagram.com/p/C41BDzjsRVi/?utm_source=ig_embed&ig_rid=13eb3504-8fc2-423c-b0f0-65dd1ca5e581

На почеток