Свет

Русија ги бомбардира Киев и Лавов: И полската воена авијација во состојба на готовност

Масовен ракетен напад врз Киев, се слушаат експлозии

Денеска Русија изврши воздушни напади врз Киев и регионот Лавов во западна Украина, потврдија украинските власти.

Поради руските напади, полските вооружени сили ги активираа своите воздухопловни сили за да ја обезбедат безбедноста на воздушниот простор во близина на границата, пренесува Ројтерс.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на својот канал Телеграм објави дека по руските воздушни напади се случиле неколку експлозии, а украинскиот систем за противвоздушна одбрана бил активен во одбивањето на рускиот напад.

„Украинските противвоздушни системи уништија десетина руски ракети над Киев и неговата околина“, изјави Сергеј Попко, шеф на воената администрација на Киев.

„Третото утро од оваа недела, пред зори, цела Украина беше под воздушна тревога, а на граѓаните им беше препорачано да одат во засолништа“, објави рано утринава американската амбасадорка во Киев, Бриџит Бринк на својот „Х“ профил.

To Top