Свет

Голем протест во Тел Авив: Ја соборуваат владата на Нетанјаху?

Судење на Нетанјаху за поткуп и измама

Демонстрантите денеска излегоа на улиците на Тел Авив барајќи предвремени избори и соборување на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Насобраните повикуваат на итно смена на Нетанјаху и ослободување на заложниците кои ги држел Хамас во Појасот Газа, пишува The Times of Israel.

Група израелски воени ветерани, кои се бореле во војната во 1973 година, исто така излегоа на улиците и исто така бараат смена на Нетанјаху.

Полицијата го забарикадира плоштадот Демократија, во близина на местото каде што се одржува протестот, за да ги спречи демонстрантите да го блокираат автопатот Ајалон.

На почеток