Свет

Земјотрес ја погоди Хрватска

Земјотрес ја погоди Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Кварнер во 10:21 часот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри источно-југоисточно од Риека, односно 11 километри северо-северозападно од Цриквеница.

Според првите податоци, епицентарот бил на длабочина од 5,3 километри, пренесува Индекс.

На почеток