Свет

Украинците возвратија: Нападната руска флота во Севастопол, експлозии одекнаа на Крим

Украинските сили успешно погодија два амфибиски брода Јамал и Азов, комуникацискиот центар и неколку инфраструктурни објекти на руската Црноморска флота во Севастопол, соопшти Дирекцијата за стратешки комуникации на вооружените сили на Украина, а пренесуваат украинските медиуми.

Гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев синоќа соопшти дека едно лице загинало, а четворица се повредени во ракетен напад на украинските сили врз Севастопол.

Развозаев изјави дека биле соборени повеќе од 10 украински проектили.

Руските медиуми јавуваат дека сообраќајот на мостот на Крим синоќа бил два пати запрен.

На почеток