Свет

(Видео) Сите коментират: Девојка од Нови Сад затекна крадец во нејзиниот автомобил – тој ладнокрвен, таа смирена

Девојка од Нови Сад затекна крадец во нејзиниот авомобил кој бил паркиран. Лицето претурало по нејзините работи среде бел ден. Од видеото се гледа како девојката го прашува што прави во нејзиниот автомобил, на што не добила одговор. Тој излезе од автомобилот и ладнокрвно побара да си ги земе неговите работи ставени на задното седиште.

Таа додека го снима, прашува и како се вика, на што не добива одговор. Во меѓувреме, лицето става капа на глава и бега. Случајот е пријавен во полиција, според порталот 192.рс. На социјалните мрежи главна тема е смиреноста на девојката во моментот кога го затекнува крадецов.

На почеток