Македонија

Тешка несреќа и на патот Кичево-Демир Хисар

На 23.03.2024 во 20.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во Близина на с.Сопотница, демирхисарско, патничко возило „ауди” со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(36) од Кичево, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

На почеток