Скопје

Млад скопјанец донесен со рана од куршум: застанал на чешма и почувствувал удар во глава

Фото: Илустрација

На 23.03.2024 во 18.52 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреда од заталкано зрно бил донесен А.С.(29) од с.Брест, скопско.

Според пријавеното, околу 17.30 часот на патот кон с.Арачиново, скопско, тој застанал до чешма, при што почувствувал удар во главата и паднал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток