Свет

(Видео) Силни експлозии во Киев

(Видео) Жесток напад врз рускиот град Белгород, насекаде експлозии и паника

Утрово, околу 10:30 часот по локално време, во Киев одекнаа повеќе жестоки експлозии. Неколку домашни и странски новинари, меѓу кои и Ројтерс, известуваа за експлозиите во главниот град на Украина.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат сирени и експлозии додека децата од училиште трчаат кон прифатилиштето.

Експлозиите се случиле во моментот кога се слушнале сирени кои предупредуваат за опасност од воздух, а по нив колона чад била забележана на источниот брег на реката Днепар во Киев. Недолго потоа, воената администрација на Киев објави дека остатоци од руска ракета паднале врз областа Печерск во градот, оштетувајќи една станбена зграда.

На почеток