Свет

Земјотрес попладнево во Србија

Почувствуван земјотрес во Тетово и вo Гостивар, епицентарот во Албанија

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Крагуевац, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.

На веб-страницата RHMZ е наведено дека земјотресот се случил во 12:20 часот по локално време, а дека теоретскиот интензитет во епицентарот бил проценет на IV-V степени по Меркалиевата скала.

Како што додаваат, земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат многу мала штета на објектите во епицентралното подрачје.

„Кратко, но добро, замавна на третиот кат“, велат жители на Крагуевац, а пренесува Телеграф.

Тие наведуваат и дека земјотресот бил проследен со звук, исто како и ланскиот и дека тресењето навистина се почувствувало.

Прво се слушна звук, а потоа силно тресење“, потврди жител на Крагуевац за Телеграф.

На почеток