Свет

Евакуиран е трговски центар во Москва, пристигнала дојава за бомба

Москва ја пофали декларацијата на Г20 која не ја критикува руската војна во Украина

Посетителите и персоналот на трговскиот и забавниот центар Мозаик, во југоисточниот дел на Москва, се евакуирани поради анонимна закана од експлозивна направа, изјави за РИА Новости претставник на итната служба на главниот град.

„Анонимен повик со закана за бомба во трговскиот центар Мозаика на улица Кожуховскаја 7. зграда 9“, рекол соговорникот на руската агенција.

Според него, при безбедносната проверка сите посетители и персоналот биле евакуирани од зградата.

Лажните закани за бомби во различни руски градови станаа почести од крајот на 2019 година, насочени кон судови, трговски центри, метро станици, воздухопловна и железничка инфраструктура, училишта и медицински установи.

На почеток