(Видео) Глушец снимен како шета на Клиника: Направете место, доаѓа главниот доктор. Кардиологија ве поздравува

Од
Објавено на

Пациент сними како стаорец шета низ ходниците на Кардиологија. Снимката стана вирална веќе два дена, а под неа има разноразни коментари. Дел се критики затоа што станува збор за здравствена установа, а други се исмејување на состојбите во Македонија.
„Направете место, доаѓа главниот доктор. Кардиологија ве поздравува“, пишува во еден од коментарите.
Друг пак, додава: „Не го закачајте има повеќе предавања ислушано од партиските вработени“.
