Македонија

За време на викендот ќе го почувствуваме летото

До четврток времето во Македонија ќе се задржи многу променливо со чести повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со повремено засилен ветер од јужен правец. Локално ќе биде и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот, кога нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса со потекло од северните предели на Африка. Тогаш температурите ќ се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени, особено за време на викендот кој доаѓа.

Значи за време на викендот не очекуваат рано – летни температури на воздухот кој ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, а времето ќе биде значително постабилно и релативно суво, со многу повеќе сончеви периоди.

Се на се, за време на викендот слободно граѓаните ќе можат да се шетаат по кратки ракави.

Во регионот пак температурите локално ќе надминуваат и 30 степени.

На почеток