Македонија

Цензус или неизвесност, дали еден од седумте кандидати на седмите претседателски избори се сели на Водно

Кандидатите за нов татко на нацијата, најмногу досега, седум, добија и реден број на гласачкото ливче.

Течат изборните рокови, а кампањата не почната официјално, е под полна пареа. Она што кај нас, според изборните правила е најтешко, да се има цензус на патот кон вила Водно.

Изборот се врши со модифициран систем од два круга. Кандидат може да биде избран во првиот круг само ако добие половина од гласовите од вкупниот број избирачи, што и до сега се покажа е неизводливо.Доколку во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добие потребното мнозинство гласови, во вториот круг можат да учествуваат само двајца кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена.За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од вкупниот број избирачи. Доколку и во вториот круг не се исполнат условите, целата изборна постапка се повторува.

Цензусот од 40 проценти е тешко остварлив, тоа го покажа и претходниот дуел меѓу Пендаровски и Силјановска. И тука на сцена стапуваат преговорите, пазарењата, интересите, но во секој случај одлучувачки ќе бидат гласовите на етничките Албанци.

На 24 април ќе се почувствува пулсот, но на 8 мај ќе биде јасно кој се сели во претседателската резиденција. Или пак без доволна излезност ќе влеземе во нов лавиринт на неизвесност.

На почеток