Свет

Позната е состојбата на повредените во терористичкиот напад во Москва: Девет лица се критични, меѓу кои едно дете, 29 пациенти се во тешка состојба

(Видео) Експлозии во Русија, напади со дронови на Москва, Ростов и Брајанск

Девет лица повредени во терористичкиот напад на „Crocus City Hall“ во Москва се во критична состојба, меѓу кои едно дете, додека 29 пациенти се во тешка состојба, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.

Голикова ова го изјави на состанокот со кој претседаваше претседателот Владимир Путин, на кој се разговараше за терористичкиот напад во Москва на 22 март, пренесе ТАСС.

Претходно шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин објави дека бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва е зголемен на 139, а бројот на повредени во нападот останува непроменет – 182.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во концертната сала „Крокус сити хол“ во предградието на Москва.

На почеток