Свет

„Спречивме уште еден терористички напад“: ФСБ тврди дека маж сакал да ја активира бомбата

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија соопшти дека спречила терористички напад на прифатен пункт за хуманитарна помош во областа Самара, кој наводно бил планиран од соучесник на терористичкиот „Руски волонтерски корпус“ (РДК).

„На територијата на регионот Самара е спречен терористички акт планиран од државјанин на Руската Федерација, роден 1994 година, соучесник на терористичката организација Руски волонтерски корпус (РДК), се вели во соопштението, пренесува Интерфакс.

ФСБ наведува дека мажот планирал да активира импровизирана експлозивна направа во зградата во која се прима хуманитарна помош и дека при апсењето на напаѓачот се активирала подметната експлозивна направа, поради што напаѓачот починал.

Нема повредени меѓу припадниците на безбедносните сили и цивилите. ФСБ додава дека напаѓачот од 2022 година бил јавно ангажиран во дискредитација на вооружените сили на Русија и дека наводно бил регрутиран од украинската разузнавачка служба преку РДК во септември минатата година и дека се согласил да организира и изврши диверзии на територијата на Руската Федерација.

При претрес на местото каде што живеел, откриена е лабораторија за производство на експлозивни материи, компоненти за негово изработка, како и уште една импровизирана експлозивна направа подготвена за употреба.

На почеток