Свет

Израел: Хамас поставува „луди барања“ во индиректните преговори за примирје

Израелските власти оценуваат дека Хамас поставува „бесмислени барања“ во индиректните преговори за примирје во Појасот Газа и додаваат дека нема да отстапат на тој фронт.

„Безумните барања“ на Хамас водат до заклучок дека палестинските милитанти не се ни заинтересирани за договор, се вели во денешното соопштение од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во преговорите, кои се водат со посредство на Катар и Египет, Хамас побара прекинот на огнот да биде увертира за крајот на војната и повлекување на израелските сили од Појасот Газа, пренесува Ројтерс.

Во соопштението од Кабинетот на Нетанјаху се наведува дека Израел ја исклучува таквата можност, бидејќи одлучил да го уништи Хамас и се вели дека ќе продолжат напорите за разбивање на таа палестинска милитантна организација.

На почеток