Продолжија борбите меѓу Израел и Хамас
Од
Објавено на
Борбите продолжија вечерва меѓу Израел и Хамас во Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.
Очевидци изјавија дека израелски воени авиони синоќа го бомбардирале јужниот град Рафах, додека жестоки борби се водат околу болниците во градовите Кан Јунис и Газа, пренесе Би-би-си.
Предупредувачките сирени се огласија и во израелските градови во близина на границата со Газа.
Вчера Советот за безбедност на ОН ја усвои првата резолуција со која се бара „итен прекин на огнот“ во Газа, по повеќе од пет месеци војна меѓу Израел и Хамас.