Свет

Володимир Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин

Зеленски за авионите Ф-16: Дефинитивно ќе ги видиме на украинското небо

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш ги отфрли обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина е вмешана во терористички напад во предградијата на Москва.

За време на своето редовно обраќање, Зеленски рече дека Путин сите освен себе ги смета за терористи.

„Денеска Путин повторно зборуваше сам со себе, а тоа беше емитувано на телевизија. Повторно ја обвинува Украина. Болно и цинично суштество. За него сите се терористи, освен тој самиот. Тој е најголемиот извор на терор. Тој и неговиот посебен служби. А кога ќе замине, кај него ќе исчезне и барањето за терор и насилство, бидејќи тоа е негово барање. Ничие друго“, изјави синоќа Зеленски.

Зеленски, исто така, им се заблагодари на сите што работат на отстранување на последиците од најновите руски напади, додавајќи дека во текот на денот добил извештаи од војската и разузнавачките агенции.

На почеток