Свет

Германија во страв, донесе нови мерки

Нападот во Москва дополнително ги засили безбедносните подготовки за Европското фудбалско првенство кое летово се одржува во Германија. Министерот за внатрешни работи најавува контроли на сите граници.

Германската сојузна министерка за внатрешни работи Ненси Фесер (СПД) најави контроли на сите германски граници за време на Европското фудбалско првенство. „Ќе спроведеме привремени контроли на сите германски граници за време на турнирот за да спречиме евентуални насилни криминалци да влезат во земјата“, објави Фесер за весникот Рајнише пост. „Ова е неопходно за подобро да се заштити овој голем меѓународен настан. Европското фудбалско првенство ќе се одржи во Германија од средината на јуни до средината на јули.

Фезер уште во февруари најави проширување на граничните контроли, како што е вообичаено за вакви големи настани. Поради миграциската ситуација, веќе се воспоставени стационарни гранични контроли кон Полска, Чешка, Австрија и Швајцарија. Министерката посочува дека безбедноста на Европското првенство и е „главен приоритет“. Фокусот, како што вели, е ставен на заштитата од исламисти и други екстремисти, но и од хулигани и други насилни криминалци, како и на безбедноста на Интернет од сајбер напади.

Според Фезер, безбедносните служби ќе бидат „засилени“ во текот на првенството.

Службите се подготвени за сите можни опасности“, тврди министерот. Подготовките за турнирот течат „добро и професионално“, меѓу другото и благодарение на, како што вели, одличната соработка со земјите учеснички на првенството.

Според министерот за внатрешни работи на Саксонија, Армин Шустер, полицијата добро знае дека постои можна терористичка закана за време на Европското првенство. „Ние сме подготвени за такви сценарија долго време, а се подготвувавме и во однос на опремата“, изјави Шустер за јавната телевизија АРД. Истовремено, тој нагласи дека „не сака да шири паника“.

На почеток