ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/12/ВМРО-ДПМНЕ-365-дена-365-скандали-на-власта-на-ДУИ-и.jpg)
,,СДС, Ковачевски и Пендаровски бегаат од одговори за скандалот со мешетарот Араф Еисин, како ѓавол од темјан. Пендаровски сакајќи да се извади од аферата, се заплетка и самиот, но и неговите политички партнери СДС и Ковачевски и фактички ги призна контактите и соработката со скапиот израелски советник.
Сега редно е да го објават договорот за неговиот ангажман. Постојат сериозни индиции дека ова лице е плаќано со пари на рака, црни пари кои претходно биле испумпани од матните тендери во РЕК Битола.
Ако е ова точно, а никој од повиканите не го демантира, тогаш власта влегува од криминал во друг криминал. Имено црните пари се оние кои се нелегално стекнати и затоа уште еднаш се крши законот кога на рака се исплаќаат на некој кој ве советува во пресрет на кампањата да терате црна кампања, со етикетирања и поделби. Очекуваме дека надлежните институции ќе се одважат и ќе го мониторираат и проверат финансирањето на кампањата на Пендаровски и на СДС.
Времето за промени доаѓа, а по него доаѓа времето на одговорноста.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)