Хорор во Германија: Момче (19) ги избодел родителите и братот до смрт, тешко ја ранил сестра си
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![(Видео) Бурна ноќ во Франција по убиството на тинејџер: Уапсени 20 лица, полицијата употреби солзавец](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/06/Видео-Бурна-ноќ-во-Франција-по-убиството-на-тинејџер-Уапсени.jpg)
Млад човек од германскиот кварт Вадшут до смрт ги избодел родителите и братот, додека тешко ја ранил својата сестра, пишува германскиот весник „Билд“.
Тој синоќа ги нападнал родителите на возраст од 58 и 61 година и братот и сестрата, соопшти германската полиција.
Таткото и мајката, како и братот (34) се убиени на лице место во станот во областа Валдшут, во германската покраина Баден-Виртемберг.
Младиот човек тешко ја повредил својата сестра, која со хеликоптер била пренесена во болница. За среќа, нејзиниот живот не е во опасност. Младиќ (19) е уапсен на лице место. Има германско и италијанско државјанство.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)