Свет

Малата Данка (2) од Србија ја нема повеќе од 22 часа

Потрагата по Данка Илиќ сеуште трае, двегодишното девојче кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поље, недалеку од Бор во Србија. Данка во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна.

Мајката раскажала како Данка исчезнала додека одела да му даде вода на постарото дете. Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше“, раскажала преплашената мајка за Телеграф.

Веста за исчезнувањето брзо се прошири на социјалните мрежи. Во потрагата учествуваат војска, полиција, кучиња трагачи, граѓани. Системот за алармирање Амбер наречен „Најди ме“ беше активиран за прв пат во Србија. Информацијата за исчезнатото девојче е испратена преку СМС до сите граѓани на Србија.

На почеток