Македонија

Корегирана плата за лекарите специјализанти, по изборите ветување за масовни конкурси зс вработувања

Лекарите специјализанти од Министерството за здравство добиле ветување дека веќе од следниот месец да им биде корегирана платата.

,, Еден од советниците на министерот, инаку правен советник му ја покажавме одлуката од 2018 година врз основа на која се исплаќаат надоместоците на приватните специјализанти. Во неа, како одлука на Влада, децидно стои дека платата на приватните специјализанти треба да е во висина на плата на општ доктор за дадената година. Ни беше ветено дека Министерството за здравство ќе прати информација до Владата и до Фондот за здравствено осигурување да постапат согласно донесените одлуки и веќе од наредниот месец да биде коригината платата на приватните специјализанти“, изјави д-р Александра Георгиева, претседателката на Здружението на лекари специјализанти.

Инаку 1.117 согласности за вработувања пристигнале од Владата во февруари, но не се реализирани поради мораториумот за изборниот процес.

Добиле ветување за масовни конкурси во јавно здравствените установи по завршување на изборите.

Младите лекари велат дека трошоците за специјализација на Медицинскиот факултет се движат од 12 до 14 илјади евра, додека моменталната плата изнесува 26.000 денари.

Наша борба, ваше здравје“, „Плати скромни, трошоци огромни“, „Ние не сакаме да си одиме, вие не бркате“ беа некои од слоганите на денешниот протест на неколкуте стотици лекари специјализанти пред Министерството за здравство од каде побараа повисоки плати и регулиран работен однос.

На почеток