Приведен крадец од Кочани
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![Приведен крадец во Тетово, фатен на дело](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/11/Приведен-крадец-во-Тетово-фатен-на-дело.jpg)
По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице.
Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)