Свет

Украина ја добива потребната муниција од Германија

(Видео) Зеленски: Се браниме со дронови, треба да ја забрзаме логистиката

Германија ѝ предава артилериска муниција на Украина како дел од долгорочниот план во три фази, изјави генералот на Бундесверот Кристијан Фројдинг во интервју за ДВ.

Тој зборуваше и за обуката на украинските војници во Германија.

Бундесверот во наредните денови ќе и предаде на Украина 10.000 артилериски гранати од сопствените резерви, изјави за ДВ генерал-мајор Кристијан Фројдинг. Предавањето е дел од планот во три фази за испорака на муниција, рече Фројдинг, кој беше шеф на специјалниот штаб на Бундесверот за Украина од почетокот на руската агресивна војна.

Според него, потребите на Украина за артилериска муниција ќе се задоволат во три фази. По првата, вонредна фаза, чешката иницијатива за муниција ќе биде поддржана на среден рок.

„Ќе преземеме над 180.000 парчиња муниција, кои се планирани да бидат испорачани од почетокот на летот до крајот на годината“, рече генералот.

А „подолгорочно“ Германија, покрај чешката иницијатива, склучи билатерален договор со кој се предвидува испорака на уште 100.000 артилериски гранати од четвртиот квартал годинава. Кристијан Фројдинг не сакаше подетално да објасни со која земја е склучен договорот за испорака.

Чешката Република организираше купување до 800.000 парчиња артилериска муниција за Украина. Иницијативата започна на крајот на февруари. Оттогаш, 20 земји од ЕУ и НАТО се приклучија на кампањата, меѓу кои Германија, Франција, Данска, Холандија и Канада.

На почеток