Скопје

Популизам е можноста за конфискација на дивоградби, велат од Шанса за Центар

Активстите од „Шанса за Центар“ сметаат дека не се оправдани многуте фалби околу можноста за конфискација на дивоградби.

„Проблемот има димензии кои се неверојатни, ама никој не зборува со бројки. Потребна е примена на современи методи на мерења и снимања за идентификација на дивоградби, дроновски и авионски снимања кои беa предложени во амандманите на Шанса за Центар, но одбиени од Општината.

Нашите ставови се непроменети од лани: се смислуваат начини за ПР, ветувајќи решение на проблем кој не можат ниту да го идентификуваат; Дупли поткровја, висини и габарити кои не се според проекти, надградби на спратови на објекти, па и хотели кои се продаваат како станови се наше секојдневие. Што со нив?; Се бара изјава од нотар како повалиден документ од сателитска снимка за да се докаже кога е граден објектот? Некој е одговорен зошто е ова прописот по кој се легализираат; Дали конфискација на објект кој нема проект, кој нема проверка од ИЗИИС и за кој никој не гарантира може да стане јавен објект во кој ќе ставите образовна институција или пензионерски дом? Кој ќе биде одговорен за последиците ако се покаже небезбеден?; конфискацијата на бесправно изградени објекти како инструмент веќе е предвидена во Кривичниот законик. Оваа нова дебата е ново вртење во круг место спроведување на законите; А лани парите одобрени за справување останале непотрошени“, велат од Шанса за Центар.

На почеток